Прво вклучување на уредот
При првото стартување на уредот, се отвора водич за поставување за да ви помогне да ги
конфигурирате основните поставки, да се пријавите на електронските сметки и да го
персонализирате уредот. На пример, доколку имате сметка на Sony Entertainment Network, може
да се пријавите на нејзе тука и веднаш да добиете поставувања.
До водичот за поставување може да пристапите и подоцна од менито Поставки.
Вклучување на уредот
Батеријата мора да се полни најмалку 30 минути пред првото вклучување на уредот.
1
Притиснете го и задржете го копчето за вклучување додека уредот не завибрира.
2
Внесете го PIN-кодот од SIM-картичката кога ќе се побара, а потоа допрете
.
3
Почекајте додека уредот не се вклучи.
Мрежниот оператор најпрво ќе ви го обезбеди PIN-кодот на SIM-картичката, но подоцна
може да го промените од менито Поставки. За да ја поправите грешката направена при
внесување на PIN-кодот од SIM-картичката, допрете
.
Исклучување на уредот
1
Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.
2
Во менито со опции, допрете Исклучување.
Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.