Sony Xperia T2 Ultra - Поставки за интернет и MMS

background image

Поставки за интернет и MMS

За испраќање мултимедијални пораки или за пристап на интернет кога нема достапна Wi-Fi®
мрежа, мора да имате активна конекција со мобилни податоци со точни поставки за интернет и
MMS (Multimedia Messaging Service). Еве неколку совети:

За повеќето мобилни мрежи и оператори, поставките за интернет и MMS се претходно
инсталирани на уредот. Тогаш може веднаш да започнете со користење на интернет и да
испраќате мултимедијални пораки.

Во некои случаи, ќе ја добиете опцијата за преземање на поставките за интернет и MMS првиот
пат кога ќе го вклучите уредот со вметната SIM-картичка. Овие поставки можете и подоцна да ги
преземете од менито Поставки.

Може во секое време рачно да ги додадете, измените или избришете поставките за интернет и
MMS во уредот. Доколку по грешка промените или избришете некоја поставка за интернет или
MMS, повторно преземете ги поставките.

Доколку не може да пристапите на интернет преку мобилната мрежа или не функционираат
мултимедијалните пораки иако поставките за интернет и MMS се успешно преземени во уредот,
погледнете ги советите за решавање проблеми со уредот на www.sonymobile.com/support/ за
проблемите со мрежната покриеност, мобилните податоци и MMS.

Доколку е активиран STAMINA-режимот за да се заштеди енергија, целиот сообраќај на
мобилни податоци се паузира штом ќе се исклучи екранот. Доколку ова предизвикува
проблеми со конекцијата, исклучете го паузирањето на некои од апликациите и услугите
или привремено деактивирајте го STAMINA-режимот. За повеќе информации погледнете
во Преглед на функцијата на STAMINA-режимот на страницата 22 .

Преземање поставки за интернет и MMS

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повеќе > Поставки за интернет.

3

Допрете Прифати. Штом поставките ќе се преземат успешно, се појавува во лентата
за статус и мобилните податоци се вклучени автоматски.

Доколку поставките не може да се преземат на уредот, проверете ја јачината на сигналот
од мобилната мрежа. Преместете се на отворена локација без пречки или приближете се
до прозорец и обидете се повторно.

Рачно додавање на поставките за Интернет и ММЅ

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на пристапна точка > .

4

Допрете Име и внесете име по желба.

5

Допрете го APN и внесете го името на пристапната точка.

6

Внесете ги сите потребни информации. Ако не знаете кои информации се бараат,
контактирајте го вашиот мрежен оператор за повеќе детали.

7

Кога ќе завршите, допрете jа опцијата , па потоа опцијата ЗАЧУВАЈ.

30

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да ги видите преземените поставки за Интернет и ММЅ

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на пристапна точка.

4

За да видите повеќе детали, допрете на која било од достапните ставки.

Ако имате неколку достапни конекции, активната мрежна конекција ќе биде означена со
обележано копче .