Sony Xperia T2 Ultra - Општи поставки на камерата

background image

Општи поставки на камерата

Преглед на поставките за режимот на снимање

Автоматско оптимизирање
Оптимизирајте ги поставките за да одговараат на секоја сцена.

Рачно
Рачно прилагодете ги поставките на камерата.

Заднинско дефокус.
Замаглете ја заднината на фотографиите за предметите да изгледаат поизострено.

AR-

ефект

Фотографирајте или снимајте со виртуелни сцени и ликови.

Ефект на слика
Применете ефекти на фотографиите или видеата.

Timeshift burst
Најдете ја најдобрата фотографија од неколку слики.

Проширена панорама
Правете широкоаголни и панорамски фотографии.

Ретуширање портрет
Фотографирајте со реални стилови на портрет.

Автоматско оптимизирање

Режимот на автоматско оптимизирање ги препознава условите во коишто снимате и автоматски ги
прилагодува поставките за да ви овозможи да направите најдобра можна фотографија.

Рачен режим

Користете го рачниот режим кога сакате рачно да ги прилагодите поставките на камерата за
снимање и фотографирање.

Режим на заднинско дефокусирање

Користете го ефектот на замаглена заднина на камерата за да ги направите предметите
поизострени и поживи во однос на заднината. Во режимот на заднинско дефокусирање, камерата
слика двапати, ја препознава заднината и ја замаглува, а предметите ги задржува изострени и во
фокусот. Тоа е како да сликате со дигитална SLR-камера. Може да одберете од три различни
варијации на замаглување и да го приспособите неговото ниво на екранот за преглед.

AR

ефект

На фотографиите или видеата можете да им додавате ефекти на AR (augmented reality -
проширена реалност) за да ги направите позабавни. При користење на камерата, оваа поставка ви
овозможува да интегрирате 3Д сцени во фотографиите или видеата. Само одберете ја сцената
што ја сакате и дотерајте ја нејзината положба во баралото.

Ефект на слика

Може да применувате различни ефекти на фотографиите. На пример, може да додадете
носталгичен ефект за класичен изглед на фотографиите или ефект на скица за поинтересна слика.

86

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Timeshift burst

Камерата снима бурст од 61 фотографии во прозорец за две секунди - една секунда пред и откако
ќе го притиснете копчето на камерата. Така, можете да се вратите назад и да ја пронајдете
перфектната слика.

За користење на Timeshift burst

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете , па одберете .

3

За да фотографирате, притиснете го копчето на камерата целосно до долу, а потоа
отпуштете го. Направените фотографии се појавуваат во приказ со мали слики.

4

Лизгајте низ малите слики и одберете ја фотографијата што сакате да ја зачувате, а потоа
допрете .

Sweep Panorama

Со лесно движење со притискање и повлекување можете да правите широкоаголни фотографии
во хоризонтална и вертикална насока.

Панорамско фотографирање

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете го , па одберете .

3

Да одберете насока за снумање, допрете ја опцијата

.

4

Притиснете го копчето за камера и полека, мирно движете ја камерата во насоката
означена на екранот.

Обработка на портрети

Може да ја користите функцијата Обработка на портрети за да примените ефекти на
фотографиите при самото снимање за да овозможите најдобри резултати. Може да ја користите и
поставката Магичен зрак за да ја осветлите и измазните кожата на субјектот со истовремено
додавање светлосна шара за очите.

Користење на функцијата за обработка на портрети

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете , потоа допрете .

3

За приказ на селекторот на стилот, поминете со прстот нагоре на екранот, потоа одберете
стил на портрет за вашите фотографии.

4

За да го скриете селекторот на силот, допрете го екранот или поминете со прстот надолу.

5

За приказ на селекторот на рамки, поминете со прстот налево, потоа одберете украсна
рамка.

6

За да го скриете селекторот на рамки, допрете го екранот на камерата или поминете со
прстот надесно.

Користење на функцијата Magic beam

1

Активирајте ја камерата.

2

Допрете , потоа допрете .

3

За да ја вклучите функцијата Magic beam, допрете , потоа повлечете го лизгачот покрај
Магичен зрак надесно.

4

За да примените ефект на рефлектор, одберете прилагодена шема.

Преземање апликации за камера

Од Google Play™ или други извори можете да преземете бесплатни апликации или платени
апликации за камера. Пред да започнете со преземањето, проверете дали имате активна
конекција со интернет, најдобро преку Wi-Fi® за да се ограничат трошоците за сообраќајот на
податоци.

87

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да преземете апликации за камера

1

Отворете ја апликацијата за камерата.

2

Допрете , а потоа допрете ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ.

3

Изберете ја апликацијата што сакате да ја преземете, а потоа следете ги упатствата за
комплетирање на инсталацијата.

Брзо стартување

Користете поставки за Брзо стартување за стартување на камерата кога екранот е заклучен.

Само стартувај
Кога оваа поставка е активна, може да ја стартувате камерата кога екранот е заклучен со притиснување и задржување на
копчето за камера.

Стартувај и сликај
Кога оваа поставка е активна, може да ја стартувате камерата и да сликате фотографија автоматски кога екранот е
заклучен со притиснување и задржување на копчето за камера.

Стартувај и снимај видео
Кога оваа поставка е активна, може да ја стартувате камерата и да снимате видео кога екранот е заклучен со
притиснување и задржување на копчето за камера.

Исклучено

Гео-означување

Означете фотографии со детали каде сте ги направиле.

Снимање со допир

Одредете ја областа за фокусирање и потоа допрете го со прстот екранот на камерата.
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го ослободите прстот.

Звук

Одберете дали да го вклучите или исклучите звукот при фотографирање.

Меморија

Може да одберете да ги чувате своите податоци или на SD-картичка што може да се отстранува,
односно на внатрешната меморија на уредот.

Внатрешна меморија
Фотографиите или видеата се чуваат во меморијата на уредот.

SD-

картичка

Фотографиите или видеата се чуваат на SD-картичката.

Баланс на бела боја

Оваа поставка, што е достапна само во режимот на снимање Рачно, го прилагодува балансот на
бои според осветлувањето. Таа ви овозможува и рачно да ја прилагодувате експозиција во
опсегот од -2,0 EV до +2,0 EV. На пример, може да ја зголемите светлината на сликата или да ја
намалите вкупната експозиција со притискање на контролите плус или минус соодветно кога ќе се
прикаже иконата за поставување баланс на бела боја .

Автоматски
Го прилагодува балансот на бои автоматски според осветлувањето.

Усвитеност
Го прилагодува балансот на бои за топло осветлување, како под светилки.

Флуоресцентна
Го прилагодува балансот на бои за флуоресцентно осветлување.

Дневна светлина
Го прилагодува балансот на бои за надворешни, сончеви услови.

Облачно

88

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Го прилагодува балансот на бои за облачно време.