
Наоѓање на идентификацискиот број на уредот
Вашиот уред има единствен ID (идентификациски) број. Во уредот, овој број се спомнува како IMEI
(Меѓународен идентитет на мобилна опрема). Треба да чувате копија од овој број. Може да ви
треба, на пример, кога ќе пристапите до услугата за поддршка Xperia™ Care и треба да го
регистрирате својот уред. Исто така, доколку уредот го украдат, некои мрежни оператори може да
го користат овој број за да го прекинат пристапот на уредот до мрежата во вашата земја.
128
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

Прегледување на бројот IMEI
1
Отстранете го капакот од отворот на микро SIM-картичката и отстранете ја SIM-картичката
заедно со држачот.
2
Во отворот на лежиштето за етикетата вметнете остар предмет (како пенкало со остар
врв), а потоа внимателно влечете го лежиштето во нагорен агол за да го видите својот број
IMEI.
Може и да го отворите телефонскиот бирач на уредот и да внесете
*#06#
за да го видите
бројот IMEI.
Прикажување на бројот IMEI преку поставките на уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > За телефонот > Статус > Информации за
IMEI
.