Читање и испраќање пораки
Апликацијата Пораки ги прикажува пораките како разговори, што значи дека сите пораки до и од
определено лице се групирани заедно. За да испратите мултимедијална порака, треба да ги
коригирате MMS поставките во уредот. Видете Поставки за интернет и MMS
на страница 30 .
Бројот на знаци што може да се испратат во една порака зависи од ограничувањата на
операторот и на користениот јазик. Максималната големина на една мултимедијална
порака, во која е вклучена и големината на додадените медиумски датотеки, исто така
зависи од операторот. Контактирајте со својот мрежен оператор за повеќе информации.
1
Враќање на списокот со разговори
2
Повикај го испраќачот на пораката
3
Приказ на повеќе опции
4
Испратени и примени пораки
5
Испрати завршена порака
6
Поле за запис на текст
7
Додавање прилози
Креирање и испраќање порака
1
Од својот Почетен екран, допрете на , потоа најдете и допрете .
2
Допрете .
3
Внесете го името или бројот на примачот или другите информации за контакт зачувани за
него и одберете од списокот што ќе се појави. Доколку примачот не е во списокот со
контакти, внесете го неговиот број рачно.
4
Доколку сакате да испратите групна порака, повторете ја гореопишаната процедура за
додавање повеќе примачи.
5
Допрете Напишете порака и внесете ја својата текстуална порака.
6
Доколку сакате да додадете прилог, допрете и одберете опција.
7
За да ја испратите пораката, допрете .
Доколку излезете од пораката пред испраќањето, таа ќе се зачува како нацрт.
Разговорот ќе биде означен со зборот Скица.
70
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Читање примена порака
1
Од Почетен екран, допрете го , па пронајдете и допрете го .
2
Допрете го саканиот разговор.
3
Доколку пораката сѐ уште не е преземена, допрете ја и држете ја, а потоа допрете
Преземи порака.
Сите примени пораки стандардно се зачувуваат во меморијата на уредот.
За да се одговори на порака
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа најдете и допрете .
2
Допрете го разговорот со пораката.
3
Внесете го одговорот и допрете го .
Препраќање пораки
1
Од својот Почетен екран, допрете на , потоа пронајдете и допрете на .
2
Допрете го разговорот со пораката што сакате да ја препратите.
3
Допрете ја и држете ја пораката што сакате да ја препратите, а потоа допрете Препрати
порака.
4
Внесете го името или бројот на примачот или другите информации за контакт зачувани за
него и одберете од списокот што ќе се појави. Доколку примачот не е во списокот со
контакти, внесете го неговиот број рачно.
5
Уредете ја пораката доколку е потребно и допрете .
За да зачувате датотека содржана во порака што сте ја примиле
1
Од Почетен екран, допрете го , потоа пронајдете и допрете го .
2
Допрете го разговорот што сакате да го отворите.
3
Ако пораката сè уште не е преземена, допрете ја и задржете ја пораката, а потоа допрете
го Преземи порака.
4
Допрете ја и држете ја датотеката што сакате да ја зачувате, а потоа одберете ја саканата
опција.